Глорија Стејнем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Глорија Мари Стејнем (родена 25 март 1934) е американска феминистка, новинарка, и општествена и политичка активистка која стана национално призната како водач и медиумска портпаролка на женското движење за ослободување во 1960-тите и 1970-тите години. Како познатата писателка и политичка фигура од ерата на контракултурата, Стејнем има основано многу организации и проекти и е добитничка на многу награди и признанија. Таа беше колумнист во списанието Њујорк и соосновач на списанието Мис.
Глорија Стејнем | |
---|---|
Стејнем за време на феминистичка прес-конференција, јануари 12, 1972 | |
Роден(а) | Глорија Мари Стејнем 25 март 1934(1934-03-25) (90 г.) Толедо, Охајо, САД |
Живеалиште | Њујорк Сити |
Националност | Американка |
Алма матер | Колеџ Смит |
Занимање | Писателка и новинарка за списанијата Мис и Њујорк |
Движење | Феминизам |
Во одбор на | Женскиот Медиа Центар |
Потпис | |
Страница gloriasteinem.com |
Во 2005 година, Стејнем работела заедно со Џејн Фонда и Робин Морган за да го ко-основат Женскиот Медиа Центар, организација што ги шири гласовите на жените во медиумите преку обука за водство, и со создавање на оригинални содржини. Стејнем во моментов работи на одборот на организацијата. Таа продолжува да учествува во политиката и медиумите како водачка, коментаторка, писателка и предавачка. Таа ги продолжува нејзините напори како организаторка, кампањира за кандидати и пишува книги и статии.