Гинко
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гинкото (науч. Ginkgo biloba) е дрво кое е единствениот жив претставник на родот гинко (Ginkgo) од одделот гинкови (Ginkgophyta), додека останатите се фосилни видови. Овој оддел опфаќал семени растенија. Единствениот денешен преживеан вид е ограничен само во Кина. Оваа група на растенија била распространета низ целиот свет за време на мезозоикот. Гинкото потекнува од пред 225 милиони години, а во леденото време тоа успеало да преживее само во Кина. Во Западната цивилизација, гинкото пристигнало во XVIII век. Гинкото се одликува со голема отпорност на екстремни услови (отрови, загадувачи, зрачење, инсекти итн.).[3]
Гинко
Кратки факти Заштитен статус, Научна класификација [ у ] ...
Гинко Период: еоцен - денес[1] | |
---|---|
Дрво на гинко | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Гинкови |
Класа: | Гинкови |
Ред: | Гинковидни |
Семејство: | Гинка |
Род: | Гинко |
Вид: | Гинко |
Научен назив | |
Ginkgo biloba L. | |
Затвори