Герилско војување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Герилското војување е начин на војување во кој помали воени или паравоени единици користат воени тактики, како заседи, саботажи и други видови борба против поголема и помалку подвижна традиционална војска. Цел на ваквото војување е да се нанесат човечки загуби и материјална штета со цел да се ослабне и деморализира спротивната страна.
Герилските тактики се фокусираат на избегнување на директни конфронтации со непријателските војски, обично поради пониски оружја или сили, и наместо тоа се впуштаат во ограничени престрелки со цел да ги исцрпат противниците и да ги принудат да се повлечат. Поради ова, герилските тактики ретко се користат за нешто друго освен за одбрана. Организираните герилски групи често зависат од поддршката или од локалното население или од странски поддржувачи кои сочувствуваат со напорите на герилската група.