Геноцид над Србите во Независна Држава Хрватска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Геноцид над Србите[7] или Злосторствата над Србите (српски: Геноцид над Србима) — низа дејствија извршени во насока на систематско убивање на Србите коишто се случиле за време на фашистичкиот режим на Усташите во марионетската држава Независна Држава Хрватска (НДХ) контролирана од страна на нацистичка Германија за време на Втората светска војна помеѓу 1941 и 1945 година. Злосторствата биле извршени преку убиства во смртни логори, масовни убиства, етнички чистења, депортации, принудно менување на верата и силувања. Настани се случиле во ист период со Холокаустот во НДХ и биле користени нацистички расни полиси со цел да се создаде етнички чиста Голема Хрватска.
Геноцид над Србите во Независна Држава Хрватска | |
---|---|
Дел од Втора светска војна во Југославија | |
[[File:|250px|alt=|]] | |
Место |
|
Датум | 1941–1945 |
Цел | Срби |
Вид напад | Геноцид, етничко чистење, депортација, принудно менување на религија |
Мртви | неколку проценки |
Сторители | Усташи |
Идеолошката основа за формирањето на усташкото движење се појавила во 19 век. Неколку хрватски националисти и интелектуалци објавиле теории во кои Србите се сметаат за инфериорна раса. По случувањата од првата светска војна и спротивставувањето на група на националисти за создавање на обединета држава на јужните словени, етничката тензија помеѓу народите во склопот на Кралството Југославија почнала да расте. За време на 1920-те години, Анте Павелиќ станал главниот водич на движењето за хрватска независност. Во 1920-те и 1930-те, се појавиле националистички и ултрадесничарски движења, главно поради диктатурата од 6 јануари и законите против Хрватите кои се појавиле во југословенската влада која била предводена главно од страна на Срби. Ваквите движења кулминирале со појавата на усташите кои претставувале ултранационалистичка, фашистичка и терористичка организација основана од Павелиќ. Движењето било финансиски и идеолошки поддржано од страна на Бенито Мусолини и усташите имале директен удел во атентатот врз југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ.
По окупирањето на Југославија од страна на Силите на Оската во април 1941, германската марионетска држава наречена НДХ била создадена од страна на Усташите и ги сочинувала териториите на денешна Хрватска и Босна и Херцеговина како и делови на Србија и Словенија. Главна цел на усташите била да создадат етнички чистаГолема Хрватска со тоа што ќе ги елиминираат сите народи кои не биле Хрвати. Тоа првично ги вклучувало Србите но исто така и Евреите,Ромите и почитички дисиденти. Масакри бил извршени врз населението и биле изградени концентрациони логори, од кои најголем бил Концентрационен логор Јасеновац кој е познат по високиот број на убиства и барбарските чинови кои биле извршени. НДХ била единствената марионетска држава на Силите на Оската која поставила концентрационен логор наменет само за деца. Бројот на српски жртви не е целосно јасен, но се смета дека помеѓу 200,000 до 500,000 Срби биле убиени, а повеќето автори се согласуваат дека околу 300,000 Срби биле убиени. 300,000 Срби биле протерани и околу 200,000 Срби биле приморани да ја сменат верата иако поголемиот дел од нив повторно ја вратиле верата после војната. Земајќи ја предвид бројноста на населението, НДХ бил еден од најсмртоносните режими кои се појавиле во 20-от век.
Миле Будак и други команданти на НДХ биле осудени за направените криминални чинови од страна на комунистичката партија на Југославија. Љубо Милош и Мирослав Филиповиќ кои биле команданти на концентрациските логори биле уапсени и убиени, а свештеникот Алојзие Степинац бил обвинет за присилно менување на верата на српското население. Голем број криминалци избегале, најмногу во Латинска Америка, вклучувајќи го и водачот Анте Павелиќ. Злосторствата не биле целосно истражувани по војната поради тоа што владата на Југославија не сакала да поддржва независни академици од страв дека меѓуетничките тензии кои би се појавиле би можеле да го дестабилизираат комунистичкиот режим. Во денешно време, Србија го прогласила 22 април за државен празник посветен на жртвите на зосторствата и фашизмот а Хрватска одржува официјална комеморација кај Јасеновац.