ГПС-приемник
From Wikipedia, the free encyclopedia
ГПС-приемник или ГПС-уред е секој уред што прима сигнали од глобалниот систем за позиционирање (GPS) со цел да ја одреди моментална местоположба на Земјата. ГПС-уредите ја прикажуваат географската ширина и географската должина, а некои можат да ја пресметаат и надморската височина. Покрај цивилната употреба, ваквите уреди наоѓаат примена во војската, воздухопловството и поморството.
ГПС-уредите може да имаат и дополнителни можности како:
- да содржат карти, кои може да се претставени со текст или графички
- да му предлагаат насоки на човекот што управува со возилото/пловилото по пат на текст или говор
- непосредно да насочуваат самостојно возило (како да речеме роботска сонда)
- да информираат за состојбата на патиштата и сообраќајот (со претходно заведени податоци или податоци во живо) и да предлагаат други подобри насоки
- да даваат информации за продажни и услужни места во близината (на пр. ресторани, бензински пумпи и сл.)
Со други зборови, сите ГПС-уреди можат да одговорат на прашањето „Каде сум ?“, а може и да знаат да одговорат на:
- кои патишта или патеки ми се на располагање сега?
- по кои патишта или патеки да одам за да стасам до саканото одредиште?
- ако на некои патишта има вонредно многу сообраќај, по кои други е подобро да одам?
- каде има нешто за јадење во близина или каде можам да наполнам гориво?