Вупи Голдберг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Карин Елејн Џонсон (родена на 13. ноември 1955 година), [б 1] позната професионално како Вупи Голдберг, е американска глумица,[5][6] комичар, автор и телевизиска личност. Добитник на бројни признанија, Голдберг е еден од шеснаесетте забавувачи што освоиле Еми награда, Греми награда, Оскар и Тони.
Вупи Голдберг | ||
Родена | Карин Елејн Џонсон 13 ноември 1955 Њујорк, САД | |
---|---|---|
Националност | Американка | |
Занимање | глумица | |
Деца | Александреа Мартин |
Филмскиот пробив на Голдберг се случил во 1985 година за улогата на Сели, малтретирана жена во Длабокиот југ, во драмскиот филм „Бојата на пурпурот“ од Стивен Спилберг, за кој била номинирана за Оскар за најдобра глумица и ја освоила својата прва Златна Глобус награда. За нејзината изведба во романтичниот фантастичен филм Дух (1990) како ексцентрична видовита жена, Голдберг ја освоила наградата Оскар за најдобра споредна женска улога како и наградата Златен глобус. Во 1992 година, Голдберг глумела во комедијата Сестрински чин, заработувајќи трета номинација за Златен глобус. Ја репризирала улогата во Сестрински чин 2: Назад во навиката (1993), што тогаш ја направило најплатена глумица.
Театарски изведувач и продуцент, Голдберг има настапувано во продукции на Бродвеј, од кои едната била претстава, монодрама, која продуцира комедиски албум, кој и ја донел Греми наградата. Таа глумела во оживувањето на музичката комедија на Стивен Сондхајм Чудна работа се случи на патот кон форумот (1996) како Псевдолус и во историската драма на Август Вилсон, Црното дно на Ма Рејни (2003) како Ма Рејни. Добитник е на наградата Тони како продуцент на мјузиклот Темелно модерна Мили. На телевизија, Голдберг го портретирала Гуинан на „Ѕвездени патеки: следната генерација“. Од 2007 година, таа била ко-домаќин и модератор на дневното ток-шоу „Погледот“, за кое ја освоила ,,Дејтајм Еми" наградата. Таа исто така била и домаќин на повеќе церемонии на доделувањето на Оскарите.