Второ Бугарско Царство
Средновековна бугарска држава / From Wikipedia, the free encyclopedia
Второто Бугарско Царство (бугарски: Второ българско царство) — средновековна бугарска држава која постоела во периодот помеѓу 1185 и 1396 година (или 1422).[1] Таа претставувала директен наследник на Првото Бугарско Царство. Својот врв од нејзиното постоење државата го доживеала во времето на царот Калојан и Иван Асен II, пред истата да биде заземена од страна на Отоманското Царство кон доцниот 14 век и почетокот на 15 век. Во текот на историјата, по ослободувањето на територијата од Османлиите, било формирано најпрвин Кнежевство Бугарија, а подоцна Царство Бугарија и денешната Република Бугарија.
Второ Бугарско Царство | |||||
ц︢рьство блъгарское | |||||
Царство | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Бугарија во времето на Иван Асен II | |||||
Главен град | Трновград (1185-1393) | ||||
Јазици | Бугарски | ||||
Вероисповед | Источно православие | ||||
Уредување | Монархија | ||||
Цар(император) | |||||
- | 1185-1190 | Петар IV | |||
- | 1393–1396 | Иван Страстмир | |||
Историски период | Среден век | ||||
- | Основана | 1185 | |||
- | Обнова | 1185 | |||
- | Падот на Трново | 17 јули 1393 | |||
- | Замрела | 1422 | |||
Површина | |||||
- | 13 век | 350000 км² | |||
До 1256 година, т.н. Второ Бугарско Царство имало доминантна моќ на Балканскиот Полуостров.[2]Византија на неколкупати била поразена во многу големи и значајни битки. Порази доживеала и новоформираното Латинско Царство во 1205 година во Битката кај Одрин, кога бугарските војски биле предводени од Калојан. Неговиот внук Иван Асен II (1218-1241) го поразил Епирското Деспотство, зацврстувајќи ја доминантната власт на Бугарите над Балканот. Меѓутоа, поради постојаните напади кон доцниот 13 век од страна на Татари, Византијци, Унгарци како и поради пред сè внатрешната нестабилност во земјата, тоа довело до постепено распаѓање на царството. Во текот на касниот 14 век и почетокот на 15 век, земјата била целосно заземена од страна на Османлиите.
И покрај големото византиско влијание, сепак бугарските уметници и архитекти успеале да создадат посебен стил на уметност. Уметноста и литературата цветела во текот на 14 век, а голем дел од бугарското население било писмено.[3]