Времеслед на откривањето на планетите и нивните месечини во Сончевиот Систем
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Времеслед на откривањето на планетите и нивните месечини во Сончевиот Систем - приказ за напредокот во набљудувањето и откривањето на новите тела низ историјата. Секое од телата е подредено по времеследен редослед од откривањето (повеќе датуми ќе се појават доколку постојат бројни снимки, набљудувања и објави во списанија), препознаени преку нивните различни ознаки (вклучувајќи ги и привремените и трајните именувања), при што се наведени и нивните откривач(и). Историски именувањето на месечините не се поклопувало со периодот на нивното откривање. Традиционално, откривачот ја ужива привилегијта да го именува новото тело; сепак, некои подзаборавиле да го сторат тоа (Барнард нема да го даде името [за Амалтеја] сè до неговиот следен труд[1] и никогаш не прифатил име од бројните предлози кои пристигнувале на неговата адреса) или пак одбивале (Николсон изјавил "многумина ме прашуваат за имињата на новооткриените месечини [Лизитеја и Карма]. Тие ќе бидат препознатливи само по броевите X и XI, напишани со римски бројки, и вообичаено со префиксот буквата Ј која означува Јупитер."[2]). Ова прашање произлегло веднаш по откривањето на планетарните месечини: Галилео ги именувал четирите главни месечини на Јупитер со употреба на броеви додека пак имињата предложени од неговиот соперник Симон Мариј постепено биле општо прифатени. Меѓународниот астрономски сојуз (МАС) официјално започнува со одобрувањето на имињата при крајот на 1970-ите.