Влажност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Влажност — поим кој означува количество на водена пареа во воздухот, и може да се однесува на неколку мерки за влажност. Формално, влажноста се смета за мешавина на водена пареа и други состојки на воздухот, а влажноста се дефинира како количеството на вода во мешавината, наречена апсолутна влажност.[1] Во секојдневна употреба, поимот „влажност“ се однесува на релативната влажност, која во метеорологијата и домашните инструменти се изразува како постоток. Специфична влажност е соодносот помеѓу количината на водена пареа во мешавината со вкупната содржина на воздухот (по единица маса). Водената пареа во мешавината може да се изрази како маса по зафатнина, или како делумен притисок, зависно од употребата.
Во метеорологијата, влажноста е показател за веројатноста од врнежи, роса или магла. Високата релативна влажност ја намалува делотворноста на потењето при разладување на телото со тоа што ја намалува стапката на испарување на влага од кожата. Овој ефект се пресметува во табела на топлински показател то се користи летно време.