Виндхук
From Wikipedia, the free encyclopedia
Виндхук (англиски и африкаанс: Windhoek, херерски: Otjomuise, намански: ǀAi-ǁGams) е главниот и најголемиот град во африканската држава Намибија. Градот се наоѓа во средишниот дел на државата, во висорамнината „Комас“ на надморска висина од 1700 метри. Според податоците од 2020 година Виндхук имал население од околу 431,000 жители.[4] Градот е во постојан раст, и територијално и во демографска смисла поради бројот на Намибијци кои се доселуваат во Виндхук.
Виндхук Windhoek(африкаанс/ англиски) ǀAi-ǁGams (намански) Otjomuise (херерски) Windhuk (германски) | ||||
---|---|---|---|---|
Гесло: Suum Cuique „За секој негов“ | ||||
Држава | Намибија | |||
Регион | Комас | |||
Прво населување | 1840 | |||
Второ основање | 18 октомври 1890 | |||
Управа | ||||
• Градоначалник | Франсина Кахунгу[1] | |||
• Заменик | Ијан Субасубани[2] | |||
Површина | ||||
• Вкупна | 5.133 км2 (1,982 ми2) | |||
Надм. вис. | &100000000000016550000001.655 м | |||
Население (2011)[3] | ||||
• Вкупно | 325,858 | |||
• Густина | 62,8/км2 (1,630/ми2) | |||
Час. појас | SAST (UTC+2) | |||
Поштенски код | 10005 | |||
Тел. код | 061 | |||
Мреж. место | windhoekcc.org.na |
Градот се развил на местото на топли извори, кои пак биле доста познати за локалните народи со векови. Првичната населба нагло почнала да се развива откако Јонкер Африканер се доселил тука во 1840 година и изградил камена црква за неговата заедница која го следела при доселувањето. Следните години биле исполнети со голем број вооружени битки, немири и судири што резултирало со разрушување на населбата. По втор пат градот бил основан во 1890 година од страна на германскиот воен мајор Курт фон Франсоа, во периодот кога Намибија била колонизирана од Германската Империја.
Денес Виндук е социјален, економски, политички и културен центар на Намибија. Скоро секоја општествена, владина или приватна организација има седиште во Виндхук.