Вилхелм Конрад Рентген
германски физичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вилхелм Конрад Рентген (германски: Wilhelm Conrad Röntgen 27 март 1845 - 10 февруари 1923 ) — германски физичар, професор на неколку универзитети во Германија. Во 1895 г. ги открил т.н. икс-зраци — електромагнетни бранови, подоцна наречени „рендгенски“ и за тоа откритие во 1901 ја доби Нобеловата награда за физика.[1] Во чест на неговиот успех во 2004 г. Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (IUPAC) по неговото име го именувала хемискиот елемент 111, рендгениум, радиоактивен елемент со бројни нестабилни изотопи.
Кратки факти Вилхелм Конрад Рентген, Роден(а) ...
Вилхелм Конрад Рентген | |
---|---|
Роден(а) | 27 март 1845(1845-03-27) Ремшајд, Рајнска покраина, Германија |
Починал(а) | 10 февруари 1923(1923-02-10) (возр. 77) Минхен, Германија |
Националност | Германец |
Полиња | Физика Рендгенска астрономија |
Установи | Стразбуршки универзитет Хохенхемски универзитет Гисенски универзитет Вирцбуршки универзитет Минхенски универзитет |
Образование | ЕТХ Цирих Циришки универзитет |
Докторски ментор | Август Кунт |
Докторанди | Херман Марк Абрам Јофе Ернст Вагнер Рудолф Ладенбург Емил Силбернагел |
Познат по | рендгенски зраци |
Поважни награди | Матеучиев медал (1896) Румфордов медал (1896) Елиот Кресонов медал (1897) Барнардов медал (1900) Нобелова награда за физика (1901) |
Потпис |
Затвори