Вилијам III
крал на Англија, Шкотска и Ирска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вилијам III (англиски: William Henry; холандски: Willem Hendrik, Prins van Oranje; 4 ноември 1650 година – 8 март 1702 година), познат и како Вилијам Орански ― суверен орански принц, од 1670-тите властодржец (штатхаутер) на грофовиите Холандија, Зеланд, Утрехт, Гулдерс и Оверисел во Холандска Република и крал на Англија, Ирска и Шкотска од 1689 година до неговата смрт во 1702 година. Како крал на Шкотска, тој е познат како Вилијам II.[1] Неговата победа во битката кај Бојн во 1690 година ја одбележуваат ирските унионисти, кои истакнуваат портокалови бои во негова чест. Тој владеел со Британија заедно со неговата сопруга и прва братучетка, кралицата Марија II.
Вилијам III | |||||
---|---|---|---|---|---|
Портрет од Годфри Кнелер, 1690 година | |||||
Крал на Англија, Шкотска и Ирска | |||||
На престол | 1689 – 8 март 1702 | ||||
Крунисување | 11 април 1689 | ||||
Претходник | Џејмс II | ||||
Наследник | Ана | ||||
Комонарх | Марија II (1689–1694) | ||||
Штатхалтер на Холандија, Зеланд, Утрехт, Гулдерс и Оверисел | |||||
На престол | 4 јули 1672 – 8 март 1702 | ||||
Принц од Орање | |||||
На престол | 4 ноември 1650 8 март 1702 | ||||
Претходник | Вилем II | ||||
Роден(а) | 4 ноември 1650 Хаг, Холандска Република | ||||
Починал(а) | 8 март 1702 (на 51 г.) Кесингтонска палата, Мидлсекс, Кралство Англија | ||||
Почивалиште | 12 април 1702 Вестминстерска опатија, лондон | ||||
Сопружник | Марија II (в. 1677; починала 1694) | ||||
| |||||
Династија |
| ||||
Татко | Вилем II Орански | ||||
Мајка | Марија Хенриета Стјуарт | ||||
Вероисповед | Протестант | ||||
Потпис |
Вилијам Хенри Орански е роден на 4 ноември 1650 год. во Хаг, Холандска Република[2], како единствено дете на Мери Хенриета Стјуарт и оранскиот принц Вилем II. Неговата мајка била најстара ќерка на кралот Чарлс I од Англија, Шкотска и Ирска и сестра на кралот Чарлс II и кралот Џејмс II од Англија.