Вилијам Волес
шкотски витез, водач во борбата за независтност / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вилијам Волес (средновековен гелски: Uilliam Uallas; современ шкотски гелски: Uilleam Uallas; нормански француски: William le Waleys;[1] умрел на 23 август 1305 година) бил шкотски земјопоседник кој станал еден од главните водачи за време на Војните за шкотска независност.[2]
Вилијам Волес | |
---|---|
Гравура од осумнаесеттиот век | |
Роден(а) | Елдерсли, Ренфрушир, Шкотска |
Починал(а) | 23 август 1305 година Смитфилд, Лондон, Мидлсекс, Англија |
Причина за смрт | Обесен, удавен и исечен на четири дела |
Почивалиште | Лондон, Англија во необележен гроб |
Националност | Шкотско |
Занимање | Предводник во шкотските војни за независност |
Деца | Нема податок |
Родители | Татко: Алан или Малколм Волес |
Заедно со Ендру Мореј, Волес ја поразил англиската војска во Битката кај мостот на Стерлинг во септември 1297 година, и бил назначен за Заштитник на Шкотска, служејќи до неговиот пораз во Битката кај Фолкерк во јули 1298 година. Во август 1305 година, Волес е фатен кај Робројстон близу Глазгов и предаден на кралот Едвард Први од Англија, кој наредил да се обеси, удави, и подели на четири дела заради врвно предавство и злосторства против англиското население.
После неговата смрт, Волес стекнал статус на икона и надвор од неговата татковина. Тој е протагонист на епската поема од петнаесеттиот век Волес, од Слепиот Хари. Волес е исто така предмет на книжевни дела на Сер Волтер Скот и Џејн Портер како и на долгометражниот игран филм Храбро Срце од 1995 година, на режисерот Мел Гибсон, кој се закити со Оскар .