Викиречник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Викиречник (англиски: Wiktionary) — повеќејазичен, мрежно-заснован проект за создавање на слободен содржаен речник, достапен на преку 171 јазик. За разлика од стандардните речници, овој речник е напишан, заеднички од страна на волонтери, наречени „Wiktionarians“, со користење на софтверот Вики преку МедијаВики, овозможувајќи промена на статиите од речиси секој кој има пристап до мрежната страница.
Скриншот од wiktionary.org | |
Вид место | речник |
---|---|
Достапно на | (околу 170) |
Сопственик | Фондација Викимедија |
Создавач | Џими Вејлс и Фондација Викимедија |
Адреса | //www.wiktionary.org |
Место на Алекса | 550 (September 2017[update] )[1] |
Комерцијално | No |
Зачленување | Optional |
Проектот Википедија, како сестра на Викиречник е водена од страна на Фондација Викимедија. Бидејќи Викречник не е просторно ограничен, повеќето од неговите јазични изданија нудат дефиниции и преводи на разни зборови од други јазици, а некои изданија нудат и дополнителни информации кои обично се наоѓаат во речниците на синоними и лексикони. Дополнително, англискиот Викиречник ја вклучува и категорија Викисаурус која служи како речник на синоними, вклучувајќи ги листите на сленг зборови, и едноставниот англиски Викиречник, создаден од збир на зборови од подгрупата на основнен англиски јазик.
Крајната цел на Викиречник е да се дефинираат „сите зборови во сите јазици“.