Визиготско Кралство
поранешна држава на Пиринејскиот Полуостров / From Wikipedia, the free encyclopedia
Визиготско Кралство — држава која постоела на територијата на денешна југозападна Франција и Пиринејскиот Полуостров во периодот од 5 век до 8 век, и се смета дека е една од германските земји наследнички на Западното Римско Царство.
Визиготско Кралство | |||||
Regnum Visigothorum Gutthiuda Thiudinassus | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
во 500 година, кога престолнината била градот денешниот град Тулуза | |||||
Главен град | Тулуза, Толедо | ||||
Јазици | Готски, Латински | ||||
Вероисповед | Аријанство, Никејски симбол на верата, Римокатоличка, и Јудаизам. | ||||
Уредување | Монархија | ||||
Крал | |||||
- | 418-419 | Валија | |||
- | 714-721 | Ардо | |||
Историја | |||||
- | Визиготите се доселиле на територијаста на Галска Аквитанија | 418 | |||
- | Маварска инвазија од Омејадскиот халифат | 721 | |||
Империјата била создадена со населувањето на Визиготите под водство на кралот Валија во провинцијата Аквитанија, кое денеска се наоѓа во југозападна Франција. Подоцна, империјата продолжила со освојување на целиот Пиринејски Полуостров. Царството одржувало независност од Источното Римско Царство односно Византија. Обидите повторно да се воспостави Римска власт во Иберија (Спанија) биле само делумно успешен и краткотрајни. До почетокот на 6 век, Галија била заземена од страна на Франките, освен тесниот крајбрежен појас на Септиманија, но вестготската контрола на Иберија била обезбедена кон крајот од овој век од страна на Свевите и Баските. Поголемиот дел од Визиготското Кралство било освоено по исламската инвазија на полуостровот, преку Мароко во 716 година. Слободни и христијански останале само северните делови од полуостровот. На тие простори биле создадени повеќе кралства, како Кралство Астурија, а подоцна и Кралство Арагон, Кралство Кастиља и Кралство Навара.
Визиготите и нивните рани цари биле христијани, кои го имале прифатени Аријанството. Но, откако го прифатиле Никејскиот симбол на својата религија, црквата имала огромно влијание врз секуларните работи.