Вибија Сабина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вибија Сабина (ц. 86-136 или 137) била царица и жена на римскиот цар Адријан. Родена е во 86 како ќерка на Салонина Матидија, внука на царот Трајан и Луциј Вибиј Сабин, кој бил конзул.
Повеќе информации Нерва, Трајан ...
|
Затвори
Вибија се омажила за Адријан, по барање на царицата Плотина, за тој да може да го наследи братот на нејзиниот дедо, во 117. Тие немале деца и веројатно немале среќен брак. Оваа прекрасна жена била силна и независна и нејзините сфаќања за бракот не стоеле добро кај царот. Сабина имала љубовна врска со едно од неговите момчиња-робови.
Во 128 дадена ѝ е титулата Августа.
Починала во 136 или 137, пред нејзиниот сопруг, од непознати причини. Постоеле гласини дека Адријан ја отрул, но за тоа нема доволно докази.