Вестфалија
регион во Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вестфалија (германски: Westfalen; долногермански: Westfalen) — регион во северозападна Германија и еден од трите историски дела на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Зафаќа површина од 20.210 км2 и има 7,9 милиони жители.
Вестфалија Westfalen | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
историска област во Северна Рајна-Вестфалија | ||||||||
Разни места во Вестфалија | ||||||||
Химна: Песна за Вестфалија | ||||||||
Местоположба во Германија | ||||||||
Вестфалија во Северна Рајна-Вестфалија се граничи со северниот дел на Рајнската област на запад и округот Липе на североисток. | ||||||||
Земја | Германија | |||||||
Сој. покраина | Северна Рајна-Вестфалија | |||||||
Управни окрузи | ||||||||
Окрузи и независни градови | 26
| |||||||
Понатамошни градови, паланки и општини | 206 | |||||||
Основана | 30 април 1815 (Покраина Вестфалија; други претходници постоеле уште од раниот среден век.)[1][2] 23 август 1946 (како дел од Северна Рајна-Вестфалија)[3] | |||||||
Површина | ||||||||
• Вкупна | 20,210 км2 (7.803 ми2) | |||||||
Население (2018)[4] | ||||||||
• Вкупно | 7.913.035 | |||||||
• Густина | 390/км2 (1,000/ми2) | |||||||
Час. појас | средноевропско време (CET) (UTC+01:00) | |||||||
• Лето (ЛСВ) | средноевропско летно време (CEST) (UTC+02:00) |
Територијата на регионот е речиси истоветна на историската покраина Вестфалија во состав на Кралството Прусија од 1815 до 1918 г.[5] и Слободната Држава Прусија од 1918 до 1946 г. Во 1946 г. Вестфалија е споена со Северна Рајна (уште еден дел од поранешна Прусија) образувајќи ја новосоздадената сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Во 1947 г. кон нив е приклучено и Липе, поранешно кнежевство и слободна држава.[6]
Седумнаесетте окрузи и деветте независни градови на Вестфалија и округот Липе се членови на Регионалниот сојуз Вестфалија-Липе (Landschaftsverband Westfalen-Lippe).[7]
Пред настанокот на Вестфалија како пруска покраина, поимот се применувал за разни територии со различна големина како западниот дел од старото Војводство Саксонија, Војводството Вестфалија или Кралството Вестфалија.[5][6] Вестфалскиот дијалект на долногерманскиот јазик се говори вон територијата на денешна Вестфалија, во соседните подрачја на југозападна Долна Саксонија и северозападен Хесен.[8]