Вернер Хајзенберг
германски теоретски физичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Maringer, Daniel. „Berühmte Physiker: Werner Heisenberg eine Biographie-Pfadfinderzeit“. Архивирано од изворникот на 2009-10-18. Посетено на 5 февруари 2009.
Вернер Хајзенберг | |
---|---|
Хајзенберг во 1933, како професор на Лајпцишки универзитет | |
Роден(а) | Вернер Карл Хајзенберг 5 декември 1901(1901-12-05) Вирцбург, Баварија, Германско Царство |
Починал(а) | 1 февруари 1976(1976-02-01) (возр. 74) Минхен, Баварија, Западна Германија |
Почивалиште | Минхен |
Националност | германец |
Полиња | Теориска физика |
Установи | Гетингенски универзитет Копенхашки универзитет Лајпцишки универзитет Берлински универзитет Минхенски универзитет |
Образование | Минхенски универзитет |
Докторски ментор | Арнолд Зомерфелд |
Други ментори | Нилс Бор Макс Борн |
Докторанди | Феликс Блох Едвард Телер Рудолф Е. Пајерлс Рајнхард Оме Фридварт Винтерберг Петар Мителштад Сербан Титекал Иван Супек Ерих Баге Херман Артур Јан Хајмо Длох Ханс Хајнрих Ојлер Едвин Гора Бернхард Кокел Арнолд Зигерт Ванг Фох-Сан Карл От Бари Ф. Малик |
Други значајни студенти | Вилијам Вермилион Хјустон Гуидо Бек Уго Фано Еторе Мајорана |
Познат по |
|
Влијаел врз | Роберд Допел Карл Фридриг фон Вајцсекер |
Поважни награди |
|
Сопружник | Елизабет Шаумахер (1937–1976) |
Потпис | |
Вернер Карл Хајзенберг (5 декември 1901 – 1 февруари 1976 ) —германски теоретски физичар и еден од клучните пронаоѓачи на квантна физика. Неговата работа била публицирана во 1925 во пробивот Über quantentheoretische Umdeutung kinematischer und mechanischer Beziehungen или на македонски За квантно-теориските толкувања на кинематичките и механичките односи. Во последователната серија на докменти со Макс Борн и Паскуал Јордан, во текот на истата година, оваа матрична формулација на квантната механика била значително елаборирана. Во 1927 го објавува неговиот принцип на неопределеност, врз чија основа ја гради својата филозофија и за што е најпознат. Хајзенберг ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа од 1932 "за создавањето на квантната механика".[2] Тој исто така придонел во теоријата на хидродинамиката на турбулентен проток, атомското јадро, феромагнетизам, космички зраци, и субатомски честички, и одиграл најзначајна улога во планирањето на првиот западно германски јадрен реактор во Карлсруе, заедно со истражувачки реактор во Минхен, во 1957. Значителна контроверзија ја обиколува неговата работа за атомското истражување во текот втората светска војна.
Во текот на војната, бил назначен за директор на Институт Каисер Вилхелм за, кој кратко подоцна бил реименуван во Макс-планков институт за физика. Бил директор на овој институт сè додека неговите простории биле преместени во Минхен во 1958, кога бил проширен и реименуван во Макс-планков институт за физика и астрофизика.
Хајзенберг бил исто така претседател на Германската заедница за истражување, претседател на комисијата за атомска физика, директор на работната група за јадрена физика и претседател на фондација Александар вон Хумболт.[1]