Венецијанскиот трговец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Венецијанскиот трговец — трагикомедија на Вилијам Шекспир за која се смета дека била напишана помеѓу 1596 и 1598 година. И покрај тоа што е класифицирана како комедија во Првото фолио и поседува одредени одлики на другите романтични комедии на Шекспир, оваа драма веројатно е најзапаметена по своите драматични сцени и по ликот на Шајлок и по познатиот говор „Нема ли Евреинот очи“.