Валкана војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Валкана војна (шпански: Guerra sucia) ― име за мерките на државен тероризам[1][2][3] (масовни киднапирања, мачења, погубувања без судење) кои ги спроведувала граѓанско-воената диктатура во Аргентина[4][5] од 1974 до 1983 година како дел од Операцијата Кондор. Во овој период воено-безбедносните сили и десничарските одреди на смртта организирани како Аргентинската антикомунистичка алијанса (ААА, или Тројно А) [6] ги ловела сите политички дисиденти и оние за кои се верувало дека се поврзани со социјализмот, левиот перонизам или движењето Монтонерос.[7][8][9][10]
Валкана војна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Студената војна, Операција Кондор, и Фолкландска војна | |||||||
Хорхе Рафаел Видела |
|||||||
|
Се проценува дека во Валканата војна биле убиени или исчезнале од 9.000 до 30.000 луѓе, а за многу од нив било невозможно формално да се документираат поради природата на државниот тероризам.[1][2] Примарна цел, како и во многу други јужноамерикански земји кои биле дел од операцијата Кондор, биле комунистички герилци и симпатизери, но операцијата Кондор била насочена и кон студенти, милитанти, синдикалци, писатели, новинари, уметници и сите граѓани за кои постоел сомнеж дека се левичарски активисти или перонистички герилци.[11] Исчезнувале оние за кои се сметало дека се политичка или идеолошка закана за хунтата или оние кои за кои се сметало дека не се сложуваат со неолибералните економски политики диктирани од операцијата Кондор.[7][8][9]
Во 1980-тите, економскиот колапс, јавното незадоволство и катастрофално лошото водење на Фолкландската војна, биле причина за соборување на Хунтата и обновување на демократијата во Аргентина, што всушност ставило крај на валканата војна. Многу членови од хунтата се во затвор за злосторства против човештвото и геноцид.[12][13] Валканата војна имала силно влијание и врз аргентинската култура, што се чувствува до денес.