Бура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Луња[1] или бура[2] — секоја нарушена состојба на животната средина или атмосфера на астрономско тело, особено што влијае на нејзината површина и подразбира невреме. Може да биде обележанa со значителни нарушувања на нормалните услови како што се силен ветер, град, обилни врнежи (снег, дожд), силни ветрови (тропски циклон) или ветар што носи некоја материја низ атмосферата како снежна бура, ледена бура и песочна бура.