Бунд (Шангај)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бунд (англо-урду поим што значи „каллив брег”)[1] или Ваитан (на упростен кинески:外滩; традиционален кинески:外灘; пинјин:wàitān; романизација на шангајски:nga3thae1, буквално - „надворешен раб“ или „плажа на странците“[2] — булевар во градот Шангај во Кина кој изобилува со раскошни згради во европски стил и банки или колонијални компании од 1930-тите. Неговата местоположба е во рамките на поранешната меѓународна концесија во Шангај. Бунд се наоѓа во Пуси на исток од округот Хуангпу, на западниот брег на реката Хуангпу јужно од нејзиниот влив во реката Сужоу, спроти новиот финансиски округ Луџиазуи во округот Пудонг.