Брухе
град во Западна Фландрија, Белгија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Брухе или Бриж (фламански или холандски Brugge [brʏɣə]; француски Bruges [bʁyːʒ]) — главен град и најголем град на Западна Фландрија во регионот Фландрија во Белгија, кој се наоѓа на северозапад од земјата.
Брухе или Бриж Brugge (холандски) | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Земја | Белгија | ||
Заедница | Фламанска | ||
Област | Фламанска | ||
Покраина | Западна Фландрија | ||
Округ | Брухе | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Дирк де Фау (ХД&Фото) | ||
• Влад. парт. | Христијано-демократска и фламанска, Социјалистичка партија, Отворени фламански демократи и либерали | ||
Површина | |||
• Вкупна | 138,40 км2 (5,340 ми2) | ||
Население (2018-01-01)[1] | |||
• Вкупно | 118.284 | ||
• Густина | 8,5/км2 (22/ми2) | ||
Пошт. бр. | 8000, 8200, 8310, 8380 | ||
Повик. бр. | 050 | ||
Мреж. место | visitbruges.be |
Површината на целиот град изнесува повеќе од 13.840 хектари, од кои 1.075 хектари се крајбрежно земјиште, во крајот Зебрухе (од Brugge aan zee, што значи „Брухе покрај море“). Историското средиште на градот, со големина од околу 430 хектари, е на списокот на светско наследство на УНЕСКО[2]. Градот има 117.073 жители (01.01.2008), од кои околу 20.000 живеат во средиштето на градот. Метрополитенската област зафаќа површина од 616 km² и на 1 јануари 2008 година имала население од 255.844 жители.
Брухе се нарекува Венеција на Северот како што е случајот и со некои други градови со канали, на пример Амстердам. Градот е економски важен поради неговото пристаниште и некогаш бил еден од главните трговски градови во светот.[3] [4] Брухе е познат како седиште на Универзитетот на Европа (Колеџ на Европа), елитен универзитетски институт за постдипломски европски студии, кој се смета за „Оксмст на ЕУ“.[5]