Бронзен бик
справа за мачење / From Wikipedia, the free encyclopedia
Бронзен бик (или сицилиски бик) — справа за мачење и направа за извршување на погубување осмислена во Стара Грција.[1] Според записите на Диодор Сицилиски, Перил од Атина го осмислил и го предложил бронзениот бик како справа која тиранинот Фаларис од Сицилија би ја користел за погубување на криминалците .[2] Бикот целосно бил направен од бронза, шуплив одвнатре со вратичка одстрана.[3] Бикот бил со облик и големина на жив бик и имал вграден звучен апарат кој вресоците ги претворал во бревтање на бикот. Oсудените биле заклучувани во бикот и се запалувал оган под справата, кој го загревал металот а личноста во внатрешноста се печела до смрт додека била жива.