Бринелова тврдост
скала за изразување на тврдоста на еден материјал со вдлабнување / From Wikipedia, the free encyclopedia
Бринелова тврдост (Бринелова скала, тврдост по Бринел) — скала која ја изразува тврдоста на материјалите според нивната отпорност на вдлабнување. Ова е една од неколкуте дефиниции за тврдоста во науката за материјалите.
Овој начин на испитување на материјалите е предложен од шведскиот инженер Јохан Август Бринел во 1900 г. и претставува првото широко распространето и стандардизирано испитување на тврдоста во инженерството и металургијата. Величината на вдлабнувањето и можноо оштетување на пробното парче ја ограничува неговата корисност, но ја има таа предност што добиениот број се дели со два за да се добие крајната затезна цврстина (UTS) кај челиците.
Испитувањето типично се врши со челично топче со пречник од 10 мм како вдлабнувач со сила на натисок од 3.000 килопонди (29,42 килоњутни). Кај помеките материјали се применува помала сила; кај потврдите материјали, место од челик топчето е направено од волфрам карбид. Вдлабнувањето е израз на тврдоста по следнава пресметка:
при што:
- BHN = Бринелов број (кп/мм2)
- P = применет товар во килопонди (кп)
- D = пречник на вдлабнувачот (мм)
- d = пречник на вдлабнатината (мм)
Бринеловата тврдост (BHN) понекогаш се изразува во мегапаскали со помножување на Бринеловиот број по забрзувањето поради гравитацијата (9,80665 м/с2). Тврдоста може да се претвори во крајна затезна цврстина (UTS), иако соодносот не е зависен од материјалот, па затоа се утврдува емпириски. Соодносот се заснова на Мејеровиот показател (n) по Мајеровиот закон. Ако показателот е помал од 2,2 тогаш соодносот на UTS со BHN изнесува 0,36. Ако е поголем од тоа, тогаш соодносот се зголемува.[1]
BHN се користи во најраспространетите стандарди (ASTM E10-14[2] и ISO 6506–1:2005[3]) како HBW, при што H е тврдост (hardness), B бринел (brinell), а W е материјалот на вдлабнувачот — вилфрам (wolfram) карбид . Претходните стандарди се повикувале на челично топче.
HBW во обата система се пресметува со SI-единици вака:
при што:
- F = применет товар (Њутни)
- D = пречник на вдлабнувачот (мм)
- d = пречник на вдлабнатината (мм)