Брауншвајг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Брауншвајг (германски: Braunschweig; долногермански: Brunswiek) — град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, северно од планинскиот масив Харц, сместен на најдалечната пловна точка на реката Окер, која го поврзува со Северното Море преку реките Алер и Везер.
За други значења на поимот, погл. Брауншвајг (појаснување).
Кратки факти Земја, Местоположба на градот Брауншвајг во рамките на Долна Саксонија ...
Брауншвајг
Braunschweig | ||
Воздушен поглед над Брауншвајг | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Урбан округ | |
Градски единици | 19 | |
Градоначалник | Улрих Маркурт (СДП) | |
Основни податоци | ||
Површина | 192,13 км2 | |
Надм. височина | 75 м | |
Население | 248.561 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 1.294 жит/км2 | |
- Метроп. | 1.150.000[2] | |
Основано | IX век | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | BS | |
Пошт. бр. | 38100–38126 | |
Повик. бр. | 0531, 05307, 05309 | |
Портал | Braunschweig.de | |
Местоположба на градот Брауншвајг во рамките на Долна Саксонија | ||
Координати | 52°16′0″N 10°31′0″E |
Затвори
Брауншвајг бил член на Ханзата од XIII до XVII век како силно и влијателно средиште за трговија во средновековна Германија. Претставувал главен град на три последователни држави: Кнежевство Брауншвајг-Волфенбител (1269–1432, 1754–1807 и 1813–1814), Војводство Брауншвајг (1814–1918) и Слободна Држава Брауншвајг (1918–1946).
Денес, Брауншвајг е втор најголем град во Долна Саксонија и главно средиште за научното истражување и развојот.[3]