Бор (дрво)
иглолисно дрво од семејството на боровите / From Wikipedia, the free encyclopedia
Бор (науч. Pinus) — род на дрва од семејство борови (Pinaceae). Ова е единствениот род во потсемејството на боровите (Pinoideae). Постојат околу 115 вида на борови, со тоа што разни извори прифаќаат помеѓу 105 и 125 вида.
Бор | |
---|---|
Бел бор (Pinus sylvestris) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Четинари |
Класа: | Четинари |
Ред: | Боровидни |
Семејство: | Борови |
Род: | Бор Л. |
Подродови | |
|
Моликата (латински: Pinus Peuce) припаѓа во групата на борови. Таа е застапена во деловите на: Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора и мал дел од Егејска Македонија. Моликата расте од 35 до 40 метри. Должината на шишарките на Моликата е од 8 до 16 cm, а некои растат и до 20 cm. Семињата се долги од 6 до 7 милиметри со крилца од 2 cm и се расејуваат со помош на ветер, но нив најчесто ги расејува птицата лешникарка.
Алепски бор (латински: Pinus halepensis) го има во деловите на Средоземјето кај Барселона, во Шпанија и го има во деловите на Блискиот Исток.
Култеров бор (латински: Pinus coulteri) го има во деловите на северна Калифорнија и просечно расте од 20 до 30 метри.