Бомбашки напад на аеродромот Домодедово (2011)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Терористичкиот напад на аеродромот Домодедово е бомбашки напад што се случил на 24 јануари 2011 година на аеродромот „Домодедово“ кој се наоѓа во Москва, Русија. Во бомбашкиот напад починале 30 луѓе а повеќе од 150 биле повредени[2][3][4][5][6].
Кратки факти Терористички напад на аеродром Домодедово, Место ...
Терористички напад на аеродром Домодедово | |
---|---|
Место | Москва, Русија |
Датум | 24 јануари 2011 13:32 GMT[1] (UTC+4) |
Цел | Аеродром Домодедово |
Вид напад | Бомбашки напад |
Мртви | 37[2] |
Затвори
Руските власти потврдиле дека нападот е дело на бомбаш самоубиец, кој експлозивната направа скриена околу телото ја активирал на влезот на салата за подигање на багаж, во терминалот за меѓународни летови.[1][7]. На местото на крвавиот атентат на московскиот меѓународен аеродром Домодедово била пронајдена главата на осомничениот атентатор-камиказе.[8]