Бокс со голи тупаници
From Wikipedia, the free encyclopedia
Боксот со голи тупаници е изворниот облик на бокс, во блиско сродство со античките боречки спортови. Во овој спорт двајцата противници се пресметуваат без боксерски ракавици или какво било средство а омекнување на ударите. Разликата помеѓу уличната борба и боксот без ракавици е во тоа што тој има правила, како да речеме забрана за удирање на паднат противник, за разлика од пресметките од типот „гради в гради“.