Боденско Езеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Боденско Езеро (германски: Bodensee) или Констанца (француски: Lac de Constance, италијански: Lago di Costanza) — езеро кое се наоѓа во понискиот дел на долината што се создала под дејство на рајанските ледници за време на последниот леден период. Долго 64 км и широко 13,5 км, тоа е второ по големина слатководно езеро во Средна Европа и снабдува со вода за пиење околу 4,5 милион луѓе. Мочуриштата се во непосредна близина на езерото претставуваат живеалиште на голем број езерски и крајбрежни птици. Реката Рајна се влева во езерото на неговиот југоисточен крај, на швајцарско-австриската граница. На западниот дел на езерото, каде ледниците се простираат на ниските планински падини, езерото се дели на два ракави. Рајна истекува од јужниот ракав на германско-швајцарската граница.[1]
Боденско Езеро Lake Constance Bodensee | |
---|---|
сателитска снимка | |
мапа | |
Подрачје | Германија, Швајцарија, Австрија |
Координати | 47°35′N 9°28′E |
Главни приливи | Рајна |
Главни истеци | Рајна |
Слив | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
}}11,500 km2 (4,400 ми) км2 |
Сливни земји | Германија, Швајцарија, Австрија |
Најг. должина | 63 км |
Најг. ширина | 14 км |
Површина | &10000000000000536000000536 км2 |
Прос. длабочина | 90 м |
Најг. длабочина | 254 м |
Зафатнина | 48 км3 |
Проточност | 4,3 г. |
Надм. височина | 395 м |
Замрзнато | 1795, 1830, 1880 (делумно), 1963 |
Острови | Мајнау, Рајхенау, Линдау |