Блатен јарец
вид цицач / From Wikipedia, the free encyclopedia
Блатен јарец или коб (науч. Kobus kob) — вид антилопа распространета во Потсахарска Африка, од Националниот парк Гашака Гумти, Нигерија и дел од Сенегал во Јужен Судан. Има витка става и силно тело, а по боја е светлоциметна до кафеавоцрна, со бели дамки на лицето и на вратот и црни пруги на нозете. Мажјакот има прстенести рогови во облик на лира. Живее во густи стада, а мажјаците се борат за дел од земјата, т.н. лек, кој може да биде широк само 15 м. Победникот се пари со многу женки.
Кратки факти Блатен јарец, Заштитен статус ...
Блатен јарец | |
---|---|
Мажјак | |
Женка со младо (подвид K. k. thomasi, Уганда) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Парнокопитни |
Семејство: | Шуплороги |
Род: | Блатни јарци |
Вид: | Блатен јарец |
Научен назив | |
Kobus kob (Erxleben, 1777) | |
Подвидови | |
| |
Распространетост |
Затвори
Во Уганда е застапен подвидот угандски блатен јарец (K. k. thomasi), кој важи за еден од државните симболи на земјата.