Битолски конгрес
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битолски конгрес (албански: Kongresi i Manastirit) — академска конференција одржана во градот Битола од 14 до 22 ноември 1908 година со главна цел, стандардизирање на албанската азбука. Воглавно, на конгресот, албанскиот јазик бил претставен како комбинација од шест различни азбуки со неколку подваријанти.[1][2]
22 ноември е комеморативен ден во Албанија, Косово, Македонија, но и низ целата албанска дијаспора, познат како Ден на азбуката (албански: Dita e Alfabetit).[3][4].