Битка кај Сисак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката кај Сисак од 1593 година претставувала значајна победа на христијанскиот свет над Османлиите. Хасан-паша Предоевиќ бил на чело на муслиманските сили додека Светото Римско Царство била предводена од страна на австрискиот генерал Рупрехт фон Егенберг.
Битка кај Сисак | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиски војни во Европа Долгата војна во Унгарија |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Османлиско Царство | Хабсбуршка Монархија |
||||||
Сила | |||||||
12,000[2]-16,000[3][4] | 4,300-5,800 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
8,000[3] | 500[8] |
По склучувањето на мир во 1590 година меѓу Мурат III и Персија, султанот започнал преговори со Рудолф II за потпишување мир кој требало да трае осум години. Во 1591 година Хасан-паша Предоевиќ кој бил личен пријател на големиот везир Синан-паша започнал тригодишна војна па поради ова бил нарушен и претходно потпишаниот мир. Во 1591 започнала првата опсада на Сисак и истата траела само четири дена. Како противнапад, хрватскиот бан Тома Бакиќ го ослободил градот Мославина, а како одмазда Хасан започнал со опожарување на неколку населени места. По овој напад се состанал Хрватскиот собор и донел одлука за целосно востание заедно со сите хрватски управители, духовни водачи, граѓани итн. Во пролетта 1592 година, Хасан тргнал во нов напад, а претходно бил изграден градот Јенихисар или Петриња. По ова го освоил градот Бихаќ, а по ова следувал нов напад кон Сисак.
Во јуни 1593 година, Хасан-паша ја ставил под опсада тврдината која била бранета од околу 800 војници наспроти 12.000 турска армија. На 22 јуни започнала одлучувачка битка во кое христијанските сили добиле големо засилување. Во битката христијаните победиле, а самиот Хасан-паша бил убиен.