Бентос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бентосот — група на водни организми составена од животни форми кои живеат на дното од водните екосистеми. Застапени се од литоралот, па до ултраабисалот. Сите тие се одликуваат со неколку посебни прилагодби за живот на дното:
- Поголемиот дел животни се со радијална симетрија (Cnidaria, Echinodermata) или се асиметрични (Porifera);
- Поголемиот дел се со вреќовиден план на градба на телото, без анален отвор (Cnidaria – Anthozoa, Hydrozoa);
- Најчесто филтраторен начин на исхранување, со разни видови на перести жабри (Polychaeta) и филтраторни апарати (Bivalvia);
- Одредени претставници живеат во куќички кои служат како заштита (пред сè Polychaeta и Rotifera);
- Посебен животен фактор е супстратот за кој се прикрепени.