Бел носорог
From Wikipedia, the free encyclopedia
Белиот носорог (Ceratotherium simum) е еден од петте вида на носорози кои постојат денес и е еден од ретките видови претставници на мегафауната. Овој вид има широка уста адаптирана за пасење, и е еден од најсоцијалните видови на носорози. Белиот носорог е со најбројна популација и има два подвида: Јужниот бел носорог со 17 480 единки во дивината според проценките од крајот на 2007 година, и многу пореткиот Северен бел носорог. Се смета дека од северниот подвид преостанати се само 13 единки, од кои 9 во заробеништво и 4 во дивината. Сепак малата попуација во дивината не е видена од 2006 година, па можно е овој вид да е целосно изумрен во дивината[2].
Кратки факти Бел носорог, Заштитен статус ...
Бел носорог | |
---|---|
Бел носорог во паркот Кругер | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Perissodactyla |
Семејство: | Rhinocerotidae |
Род: | Ceratotherium |
Вид: | C. simum |
Научен назив | |
Ceratotherium simum (Burchell, 1817) | |
Подвидови | |
Распространетост на белиот носорог (портокалово: Северен бел носорог (C. s. cottoni), зелено: Јужен бел носорог (C. s. simum)). |
Затвори