Балтоскандија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Балтоскандиска Конфедерација или Балтоскандија — геополитички концепт на балтичко-скандинавски (нордиска) сојуз (составен од Шведска, Данска, Норвешка, Исланд, Финска, Естонија, Латвија и Литванија).[1] Идејата била предложена од шведскиот професор Стен де Гер (1886–1933) во списанието Географски Аналер во 1928 година и понатаму се развила од професорот Казис Пакштас[2] (1893–1960), литвански научник од областа на географијата и геополитиката.