Балсас (река)
река во Мексико / From Wikipedia, the free encyclopedia
Балсас (шпански: Río Balsas) или Мескала (Mezcala) — река во јужно-средно Мексико, една од најголемите во државата со должина од 771 км и сливна површина од 105.900 км2[1].
Кратки факти Балсас, Изворно име ...
Балсас | |
---|---|
Балсас во Гереро | |
Сливот на Балсас | |
Изворно име | Balsas / Mezcala |
Местоположба | |
Земја | Мексико |
Физички особености | |
Устие | |
• место | Мангровски ’Рт, Тихи Океан |
Должина | 771 км |
Особености на сливот | |
Речен слив | слевање на реките Сан Мартин и Савапан |
Затвори
Речниот слив на Балсас се протега во сојузните држави Пуебла, Морелос, Гереро и Мексико. Реката тече низ планинскиот венец Јужна Сиера Мадре, а се празни во Тихиот Океан кај градот Ласаро Карденас.[2][3] По течението има неколку слапови кои ја огрнаичуваат пловноста, па затоа реката се користи претежно за добивање на хидроенергија, спречување на поплави и наводнување.[2]