Балабан (инструмент)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Балабан (азерски: Balaban)[13] – дрвен дувачки инструмент со цилиндричен облик, со двојно јазиче, долг околу 35 сантиметри, со осум отвори кои се покриваат со прстите и еден отвор се покрива со палецот. Балабан е еден од древните дувачки инструменти кој застапен во република Азербејџан како и во Ирански Азербејџан.
Класификација | |
---|---|
| |
Скала | |
Музичари | |
Алихан Самедов |
Балабанот најчесто се изработува од тврди видови дрвја како што се црница или орев. Пречникот на внатрешната шуплина на инструментот е околу 1,5 см. Двојното јазиче е изработено од трска, долго околу 6 см и рамно на едниот крај. Изведувачот го користи воздухот кој се наоѓа во устата за да свири додека вдишува воздух во градите. Оваа "кружна" техника на дишење обично се користи на сите дувачки инструменти со двојно јазиче на Средниот Исток.