Ајдер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ајдер (германски: Eider; дански: Ejderen; латински: Egdor или Egdore) — најдолга река во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во Германија. Реката започнува близу Бордесхолм и поминува низ југозападните предградија на Кил близу брегот на Балтичкото Море, но продолжува да тече кон запад, завршувајќи го Северното Море. Средишниот дел на Ајдер бил погоден за користење како дел од Килскиот Канал.[1]
Ајдер Eider | |
Река | |
Ајдер кај Брајхолц | |
Земја | Германија |
---|---|
Подрачја | Шлезвиг-Холштајн |
Притоки | |
- леви | Тиленау, Брокландсау, Зидерау |
- десни | Трене, Зорге |
Градови | Бордесхолм, Кил, Рендсбург, Фридрихштат, Тенинг |
Извор | Кластер Тајх |
- место | Ватенбек |
- координати | 54°8′18″N 10°7′38″E |
Утока | Северно Море |
- местоположба | Тенинг |
- координати | 54°18′52.27″N 8°57′16.34″E |
Должина | 188 км |
Истек | |
- просечен | 6,5 м3/с |
Ајдер како граница помеѓу Данците, Сасите и Фризите
|
Во раниот среден век реката се верува дека била граница помеѓу германските племиња Јути и Англи, кои во текот на овој период, заедно со соседните Саси го поминале Северното Море и се населиле во Англија. Во текот на подоцнежниот период на средниот век, Ајдер била граница помеѓу Сасите и Данците, како што напишал Адам Бременски во 1076 година. Со векови била граница помеѓу Данска и Светото Римско Царство.[2] Денес е граница помеѓу Шлезвиг и Холштајн, северниот и јужниот дел, соодветно, на денешната германска покраина Шлезвиг-Холштајн.
Ајдер тече низ следниве градови: Бордесхолм, Кил, Рендсбург, Фридрихштат и Тенинг. Близу Тенинг се влева во Северното Море. Естуарот има каллив брег и солена вода. На устието на реката постојат брани за заштита од поплави, кои имаат можност да се затворат за време на бури.