Атласка мечка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Атласката мечка (Ursus arctos crowtheri) позната и под името Берберска мечка е подвид на кафеавата мечка, но сепак понегогаш се смета како различен вид. Оваа е едниствената мечка која живеела во Африка. Мечката можела да се сретна на планината Атлас и во околните региони, од Мароко до Либија. Денес се смета дека оваа мечка е изумрен вид. Илјадници мечки од овој подвид биле ловени поради спорт, но и употребувани за казнување криминалци за време на ширењето на римската империја во Северна Африка.
Атласка (берберска) мечка | |
---|---|
Најверојатно Атласка мечка, претставена во мозаик | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Ursidae |
Род: | Ursus |
Вид: | Ursus arctos |
Триномен назив | |
Ursus arctos crowtheri Schinz, 1844 |
Некои научници сметаат дека животното сѐ уште е присутно во источна Африка и дека е изворот на криптидот познат како „нанди мечка“. Сепак овие тврдења се исклучени од биогеографијата.
Според описи од 18ти и 19 век, овие мечки биле помали од обичните кафеави мечки, но со посплескана муцка и крзно кое било со скоро црна боја.
Кралот на Мароко поседувал вакви мечки, и подарил една во 1830 на зоолошката градина во Марсеј. Оваа мечка е последната мечка која била проучувана од научниците. Последната единка се смета дека била убиена од ловци во 1870-тите на планината Тетуан во северно Мароко.