Атаксична церебрална парализа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Атаксична церебрална парализа — тип на церебрална парализа којшто е забележан кај 5-10% од сите случаи на церебрална парализа, што го прави најреткиот тип на церебрална парализа. Атаксичната церебрална прализа е предизвикана од оштетување на структурите во малиот мозок, кое што се разликува од другите две типови на церебрална парализа, односно спастична церебрална парализа (оштетување на кортикални моторни области и бела маса) и атетоидна церебрална парализа (оштетување на базалните ганглии).
Атаксична церебрална парализа | |
---|---|
Малиот мозок (прикажан со црвено) е регионот на мозокот којшто е зафатен кај атаксичната церебрална парализа | |
Специјалност | Неврологија |
Функцијата на малиот мозок (церебелумот) е координирање на мускулните движења и рамнотежа, па поради негово оштетување, пациентите имаат проблеми со координацијата. Кај атаксичната церебрална парализа постои намалување на мускулниот тонус.[1]
Најчеста манифестација кај атаксичната церебрална парализа е акционен тремор, што е особено очигледен кога се вршат прецизни движења, како што се врзување на врвците од обувки или пишување со молив. Овој симптом прогресивно се влошува колку повеќе се прави движењето, предизвикувајќи рака да се треси. Како раката се приближува кон остварување на предвидената задача, треперењето се интензивира, што го прави уште потешко да се заврши.
Како и за сите форми на церебрална парализа, не постои „лек“ за атаксичната церебрална парализа, но постојат различни третмани кои заедно се користат за да ги ограничат негативните ефекти на болеста. Како и сите форми на церебрална, атаксичната церебрална парализа најчесто е вродена, каде произлегуваат од грешки во развојот на малиот мозок и конексините за време на бременоста. Сепак, тоа исто така е може да се стекне, поради менингитис, па дури и поради траума на главата, иако таа почесто доведува до една од многуте форми на трауматски повреди на мозокот, кои категорично не се блиски од церебрална парализа.