Астероиден појас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Астероидниот појас — регион во форма на тор во Сончевиот Систем, кој се наоѓа приближно помеѓу орбитите на планетите Јупитер и Марс. Содржи многу цврсти тела со неправилна форма, со многу големини, но многу помали од планетите, наречени астероиди или помали планети. Овој астероиден појас се нарекува и главен астероиден појас или главен појас за да се разликува од другите популации на астероиди во Сончевиот Систем, како што се астероидите блиску до Земјата и тројанските астероиди.[1]
Астероидниот појас е најмалиот и највнатрешниот познат кружен ѕвезден диск во Сончевиот Систем. Околу половина од неговата маса е содржана во четирите најголеми астероиди: Церера, Веста, Палада и Хигија.[1] Вкупната маса на астероидниот појас е приближно 4% од масата на Месечината.
Церера, единствениот објект во астероидниот појас доволно голем за да биде џуџеста планета, е околу 950 km во пречник, додека Веста, Палада и Хигија имаат просечни пречници помали од 600 км.[2][3][4][5] Останатите тела се со големина на прашинска честичка. Материјалот на астероидот е толку тенко распореден што бројни вселенски летала без екипаж го поминале без инциденти.[6] Сепак, судири помеѓу големи астероиди навистина се случуваат, и тие можат да создадат семејство на астероиди чии членови имаат слични орбитални одлики и состав. Поединечните астероиди во астероидниот појас се категоризираат според нивните спектри, при што повеќето спаѓаат во три основни групи: јаглеродни (тип C), силикатни (тип S) и богати со метал (тип М).
Астероидниот појас настанал од исконската сончева маглина како група планетезимали.[7] Планетитезималите се помалите претходници на протопланетите. Помеѓу Марс и Јупитер, сепак, гравитациските растројувања од Јупитер ги наполниле протопланетите со премногу орбитална енергија за тие да се насоберат во планета.[7][8] Судирите станале премногу бурни, и наместо да се спојат, планетите и повеќето протопланети се скршиле. Како резултат на тоа, 99,9% од оригиналната маса на астероидниот појас била изгубена во првите 100 милиони години од историјата на Сончевиот Систем.[9] Некои фрагменти на крајот го пронашле својот пат во внатрешниот Сончев Систем, што довело до удари на метеорити со внатрешните планети. Орбитите на астероидите продолжуваат да бидат значително нарушени секогаш кога нивниот период на револуција околу Сонцето формира орбитална резонанца со Јупитер. На овие орбитални растојанија, се јавува Керквудов јаз додека тие се префрлаат во други орбити.[10]
Класи на мали тела на Сончевиот Систем во други региони се објектите блиску до Земјата, кентаурите, објектите на Кајперовиот Појас, расеаните објекти од дискот, сендоидите и објектите на Ортовиот Облак.
На 22 јануари 2014 година, научниците од ЕСА објавиле откривање, за прв дефинитивен пат, на водена пареа на Церера, најголемиот објект во астероидниот појас.[11] Откривањето било направено со користење на далечно-инфрацрвените способности на вселенската опсерваторија Хершел.[12] Откритието било неочекувано затоа што обично се смета дека кометите, а не астероидите „содржат млазови и облаци“. Според еден од научниците, „линиите стануваат сè понејасни меѓу кометите и астероидите“.[12]