Артур Комптон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Артур Холи Комптон ( 10 септември 1892 – 15 март 1962 ) — американски физичар кој ја освоил Нобеловата награда за Физика во 1927г. за неговото откритие познато и како Комптон ефект со кој се демонстрира природата на честичките на електромагнетното значење. Тој исто така е познат и по неговото водење на металургиската лабораторија која била дел од проектот ‘‘Менхетен‘‘ а бил и канцелар на универзитетот Вашингтон во Сент Луис од 1945 до 1953.
Артур Комптон | |
---|---|
Роден(а) | Артур Холи Комптон 10 септември 1892(1892-09-10) Вустер, Охајо, САД |
Починал(а) | 15 март 1962(1962-03-15) (возр. 69) Беркли, Калифорнија, САД |
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | Вашингтонски универзитет во Сент Луис Чикашки универзитет Универзитетот на Минесота |
Образование | Вустеров Колеџ Универзитетот Принстон |
Докторски ментор | Хервард Л. Кук |
Докторанди | Луис Волтер Алварез Винстон Х. Бостик Роберт С. Шенкланд Џојси А. Берден |
Познат по | Комптоново расејување Комптонова бранова должина |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1927) Матучиев медал (1930) Френклинов медал (1940) Хјугсов Медал (1940) |
Потпис | |
Белешки Брат на Вилсон Комптон и Карл Комптон |
Во 1919 Комптон добил стипендија која му овозможувала да учи и во странство па така тој се одлучил да се запише на универзитетот ‘‘Кембриџ‘‘ каде учел распрснување и апсорпција на гама-зраците. Понатамошни истражувања на ова поле довеле до откривање на Комптон ефектот. Тој употребил Х-зраци за да го истражува феромагнетизмот и заклучил дека е резултат на подреденоста на спиновите на електроните. Ги проучувал и космичките зраци и открил дека тие генерално од позитивно наелектризирани честички.
За време на втората светска војна Комптон бил една од клучните личности во проектот ‘‘Менхетен‘‘ заслужни за производство на првото јадрено оружје. Неговите извештаи биле од големо значење за започнување на проектот. Во 1942 тој е назначен за главен на металургиската лабораторија со задача да создава јадрени реактори со кои ќе претвора ураниум во плутониум, наоѓајќи притоа начин да го одвои ураниумот од плутониумот со цел да создаде атомска бомба. Плутониумот почнал за првпат да се произведува во јадрените реактори на локацијата Ханфорд, во 1945г.
По крајот на војната Комптон станува канцелар на универзитетот ‘‘Вашингтон‘‘ во Сент Луис.