Аргентински Антарктик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аргентински Антарктик (шпански: Antártida Argentina или Sector Antártico Argentino)[4] — област на Антарктикот за која Аргентина има претензии како дел од нејзината национална територија. Се состои од Антарктичкиот Полуостров и триаголен дел кој се протега до Јужниот пол, ограничен со 25. западен меридијан и 74° западен меридијан и 60. јужна паралела.[5] Овој регион се поклопува со британските и чилеанските претензии на Антарктикот. Барањето на Аргентина за Антарктикот се заснова на нејзиното континуирано присуство во регионот од 1904 година, и близината на областа до јужноамериканскиот континент. Барањето на Аргентина за оваа област е предмет на Антарктичкиот договор.[6][7] Административно, Аргентинскиот Антарктик е департман во провинцијата Огнена Земја, Антарктика и Јужни Атлантски Острови. Провинциските власти се со седиште во Ушуаја. И покрај тврдењата за оваа област на Антарктикот, аргентинската власт не се протега подалеку од своите бази на антарктикот.[8] Аргентинското истражување на континентот започна на почетокот на 20 век. Хосе Марија Собрал бил првиот Аргентинец што стапнал на Антарктикот во 1902 година, каде што поминал две сезони со шведската антарктичка експедиција на Ото Норденскиолд. Набргу потоа, во 1904 година, постојаната база „Оркадас“ веќе била целосно оперативна. Години подоцна ќе се создадат други бази, некои постојани, а други сезонски. Првата аргентинска експедиција што стигнала до Јужниот пол била Операција 90 од 1965 година.
Аргентински Антарктик Antártida Argentina | ||
---|---|---|
Департман | ||
Карта на Аргентина на Антарктикот од 1950 година. База „Оркадас“ од 1904 година. | ||
| ||
Локација во Антарктикот | ||
Држава | Аргентина | |
Провинции | Огнена Земја (покраина) | |
Прва експедиција | 1901–1904 | |
Основач | Хосе Марија Собрал | |
Управа | ||
• Гувернер | Густаво Мелела | |
Површина | ||
• Вкупна | 1,461,597 км2 (0,564 ми2) | |
• Земјишна | 965,597 км2 (372,819 ми2) | |
[1] | ||
Население (2010)[1][2] | ||
• Вкупно | 469 | |
• Густина | 320/км2 (830/ми2) | |
Час. појас | UTC-3 | |
Поштенски код | 9411 | |
Прва база | База „Оркадас“ (1904)[3] | |
Број на бази | 13 бази (6 постојани и 7 сезонски) 64 други (колиби, засолништа, кампови) | |
Мреж. место | DNA.gov.ar |
Аргентинските активности на Антарктикот се координирани од страна на Аргентинскиот Антарктички институт и Националната дирекција на Антарктикот.
Проценетата површина е 1.461.597 км2, од кои 965.597 км2 се копно. Мразот во обвивката на ледникот има дебелина во просек од 2 км. Температурите се движат од 0 °C во лето и -60 °C во зима, иако во одредени точки може да се спуштат до приближно -82 °C.
Часовниот појас UTC−03:00 се користи како во јужноамериканскиот континент.
Аргентина има шест постојани станици на Антарктикот и седум летни станици.
Според последниот аргентински национален попис, во октомври 2010 година, Аргентинскиот Антарктик има 230 жители (вклучувајќи 9 семејства и 16 деца) во шест постојани бази: 75 во Марамбио, 66 во Есперанца, 33 во Карлини, 20 во Сан Мартин, 19 во Белграно II и 17 во Оркада.[9] Како официјален аргентински округ во провинцијата Огнена Земја, жителите учествуваат на општите избори.[10]