Арапско Кралство Сирија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Арапско Кралство Сирија ( арап. المملكة العربية السورية , al-Mamlakah al-‘Arabīyah as-Sūrīyah ) ― самопрогласена, непризнаена држава која прво на 5 октомври 1918 година со дозвола на британската војска прогласила „целосно и апсолутно независна. . . Арапска уставна влада“.[1] По повлекувањето на британските војски од Окупираните непријателски територии - Исток на 26 ноември 1919 година стекнала фактичка независност како „Емират“, [2] а на 8 март 1920 година било прогласено кралството.
Како „кралство“ постоела малку повеќе од четири месеци, од 8 март до 25 јули 1920 година.[3] [4] На чело на кралството бил синот од шарифот Хусеин бин Али, Фајсал бин Хусеин. И покрај стремежот да се протега на територијата на Голема Сирија, Фајсал контролирал ограничено подрачје и бил зависен од Британија која, заедно со Франција, била против идејата за Голема Сирија и одбила да го признае кралството.[5] Кралството им се предало на француските сили на 25 јули 1920 година.