Анус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Анус (латински: anūs, „прстен“, „круг“)[1][2] — надворешен отвор на правото црево (ректум). Анусот е составен од два сфинктера (мускули) кои го контролираат исфрлувањето на изметот од телото, што е главната функција на анусот. Двата мускули се внатрешен сфинктер на анусот и надворешен сфинктер на анусот. Мускулите се кружни го контролираат отворот на анусот. Надворешниот мускул може самоволно да се отвора, а внатрешниот не. Анусот се наоѓа позади перинеумот (меѓуножјето), односно позади вагината кај жените, или скротумот кај мажите.
Пред да ја прочитате статијата имајте предвид дека истата содржи фотографии кои не се соодветни за малолетни читатели. |
Покрај својата основна функција, анусот игра своја улога при аналниот секс. Анусот често се смета за табу[3] и има повеќе вулгарни зборови за истиот.