Антониј и Клеопатра
трагедија од Вилијам Шекспир / From Wikipedia, the free encyclopedia
Антониј и Клеопатра[1] (наслов од првото фолио: Трагедијата на Антониј и Клеопатра) е трагедија од Вилијам Шекспир. Претставата за прв пат била изведена околу 1607 година;[2][3] а драмата прв пат била испечатена во Фолио во 1623 година.
Драмата е инспирирана од англискиот превод на Плутарховите животи од Томас Норт во 1579 година и ја прикажува врската меѓу Клеопатра и Марк Антониј од Сицилијанската војна до самоубиството на Клеопатра за време на војната кај Акциум. Главен антагонист е Октавијан Цезар, еден од триумвирите од Вториот триумвират и првиот император на Римското Царство. Дејството е сместено во Римската Република и Птоломејски Египет.
Делото Антониј и Клеопатра тешко е да се класифицира во само еден жанр. Може да се опише како историска драма (иако не се придржува целосно до историските записи), како трагедија (иако не целосно во аристотелска смисла), како комедија и како романса. Со сигурност може да се каже дека е римска драма, а можеби и продолжение на друга Шекспирова трагедија, Јулиј Цезар.