Анита Гарибалди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ана Марија де Хесус Рибеиро ди Гарибалди, позната како Анита Гарибалди (30 август 1821 - 4 август 1849) била Бразилски револуционер и сопруга на Џузепе Гарибалди. Нивното партнерство било олицетворение на духот на романтизмот и револуционерното движење на 19-иот век.
Анита го научи Џузепе за Гаучо културата на рамнините во јужниот дел на Бразил, Уругвај и северна Аргентина. Еден од пријателите на Џузепе ја опишал Анита како "амалгам од два елементарни сили... сила и храброст, и шарм и нежност, манифестирани со смелоста и силата со која таа го замавувала мечот и убавото лице и нејзините прекрасни очи."
Во Битката кај Куриртибанос, Анита беше заробена од страна на соперничките групи. Во заробеништвото стражарите и кажале на Анита дека Џузепе починал, на што Анита беше многу вознемирена. Анита праша дали може да го побара меѓу загинатите во битката, но не го пронашла. Ова ѝ даде надеж, и по некое време се качи на коњ и избегала. Војниците тргнале по неа со цел да ја вратат, жива или мртва, тие пукале во неа и го убиле нејзиниот коњ. Војниците помислиле дека таа нема да преживее и ја оставиле. Анита помина 4 дена без храна и вода во шумата, сè додека не пронашла група на луѓе кои ѝ понудиле храна. Конечно стапила во контакт со бунтовниците и се вратила во Вакарија. Неколку месеци подоцна нејзиното прво дете беше родено, Меноти (1840-1903), кој е роден со деформитети на черепот поради ударот кој Анита го доби кога паднала од својот коњ бегајќи од бразилскиот камп.