Андамани и Никобари
From Wikipedia, the free encyclopedia
Андамани и Никобари тамилски: அந்தமான் நிக்கோபார் தீவுகள், хинди: अंडमान और निकोबार द्वीपसमूह) се две посебни групи на острови кои заедно сочинуваат сојузна територија во Индија.
Андамани и Никобари | |
---|---|
Андамани и Никобари - अंडमान और निकोबार द्वीप | |
Држава: | Индија |
Главен град: | Порт Блер |
Површина: | 6.495 км2 |
Население: | 356.152 |
Густина на население: | 55 жит/км2 |
Јазик: | никобарски, бенгалски, англиски, хинди, тамилски, малајалски, телушки |
Религија: | |
Мрежно место: | Архивирано на 1 мај 2012 г. |
Мапа | |
Територијата е сместена во Индискиот Океан, географски се смета за дел на Југоисточна Азија. Се состои од две групи на острови, Андаманските Острови и Никобарските Острови, кои ги дели северниот напоредник на 10°, и тоа Андаманските Острови на север од оваа паралела и Никобарските Острови на југ од оваа паралела. Андаманското Море се наоѓа на исток, a Бенгалскиот Залив на запад.
Главен град на територијата е Аднаманскиот град Порт Блер. Според последниот попис во Индија од 2001 година територијата броела 356.152 жители. Површината на овие острови изнесува околу 6.496 км2.