Англосаксонци
поранешен народ составен од разни германски племиња / From Wikipedia, the free encyclopedia
Англосаксонците — културна група која ја населувала Англија во раниот среден век. Потекнуваат од доселениците кои дошле во Британија од континентална Европа во 5 век. Сепак, етногенезата на англосаксонците се одвивала во Британија. Англосаксонскиот идентитет произлегол од меѓусебната интеракција на дојдените германски племиња, но и од интеракцијата со домородните Британци. Многу домородци со текот на времето ја прифатиле англосаксонската култура и јазик и биле асимилирани.